×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кошаркарите на „Куманово“ попладне ќе играат против „Здравје“ Лесковац

    10.09.2019 11:27 | KumanovoNews

    Кошаркарскиот клуб Куманово, денеска во 17.30 часот, во спортската сала „Перо Наков“, ќе го одиграат првиот пријателски натпревар против КК „Здравје“ Лесковац од Србија.

    Кошаркарите на „Куманово“ попладне ќе играат против „Здравје“ Лесковац

    Ова е вторпат кумановските кошаркари да играат против истата српска екипа. По овој натпревар, КК Куманово го очекуваат околу 10 други контролни натпревари, кои ќе се одиграат во Србија и Романија, како тест пред натпреварите во Супер лигата.

    „ Очекувањата се исти како и лани, да победиме и да успееме да се пласираме меѓу првите шест во Супер лигата. Претходната година имавме друг состав, но затоа оваа година од странците го имаме Давид Миладиновиќ, кој е веќе докажан во својата професија, Марјан Јаневски кој доаѓа од Работнички, како и нашите постојани играчи“,- вели Дамир Вујадиновиќ, член на управата на КК Куманово.

    Минатата сезона, екипата ја напуштија кошаркарите: Мекиќ, Пенов и Ковач.

    Боите на Куманово, во оваа сезона ќе ги бранат кошаркарите: Филип Стојановски, Миса Дамјан, Миодраг Тодоровиќ, Лука Петровски, Мартин Ѓорѓиевски, Оливер Двојаковски, Марјан Јаневски, Горјан Марковски и србинот Давид Миладиновиќ.