Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово во неизвесна завршница успеаја да ја совладаат Кавала со 94-92 во дуелот од топ 6 фазата во Балканската БИБЛ лига.
Со победата кумановчани остануваат во трката за пласман на завршниот фајнлфор турнир. За радоста на домаќините најзаслужни беа Ивица Димчевски (23 поени, 4 скока, 2 асистенции), Урош Луковиќ (17 поени, 10 скока) и Александар Костовски (14 поени, 7 скока, 8 асистенции). Вилијам Колман со 26 поени и 11 скока беше најефикасен кај гостите од Грција.
Кумановчани со триумфот се искачија на врвот на табелата со 11 поени, еден повеќе од Левски, кој има меч помалку.