Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Мајами Хит ја оствари и 15. победа по ред и постави нов клупски рекорд бидејќи тоа е најдолгата ваква низа од постоењето на тимот од Флорида.
Последна жртва на актуелниот НБА првак е Минесота Тимбервулфс која на домашен терен синоќа е поразена со 97:81. Иако имаше најави дека Леброн Џејмс нема да настапи поради повреда на ногата, тој се најде на теренот и повторно беше еден од најдобрите. Постигна 20 поени и десет скока иако прво име на теренот беше Двејн Вејд кој реализира 32 поени, десет асистенции и седум скока.
Инаку, мечот го одбележа судирот на Реј Ален и Хозе Хуан Бареа во последната четвртина. Ален прво со лактот го избутка противничкиот играч, па овој изнервиран му влезе во чекор и го легна на земја. Судиите прво му покажаа техничка грешка, а по прегледувањето на снимката го испратија во соблекувалната што го изнервира тренерот Рик Аделман кој тој момент го посочи како клучен за поразот на Минесота затоа што тогаш Мајами водеше само со шест поени (76:70).