Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Партизан ја одбранија титулата во националното првенство, откако во финалната серија со 3-1 ја совладаа Црвена ѕвезда. Партизан во четвртиот меч забележа убедлива победа со 68-52.
„Црно-белите“, до победата стигнаа откако во втората четвртина со серија од 13-0 стигнаа до предност од 16 поени и до крајот на мечот без проблеми ја одржуваа предноста.
Богдановиќ со 17 и Ловрењ со 15 поени и 11 скокови беа најистакнати поединци во редовите на екипата која по 12-ти пат последовно ја освои шампионската титула.
Партизан и Црвена ѕвезда следната сезона ќе настапуваат во Евролигата