Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово ги одиграа првите 20 натпревари во Првата кошаркарска лига, по што ја освоија шестата позиција на табелата и обезбедија пласман во Суперлигата.
Во последниот натпревар Куманово беше подобар од Шкупи со резултат 79-109. На овој натпревар шанса добија младите кумановчани додека првиот состав беше во приправност да интервенира доколку работите не се развијат во позитивен правец.
Леонид Тодоровски беше најефикасен на натпреварот со 24 поени.
Куманово го обезбеди шестото место на табелата одкако одигра одличен натпревар против Блокотехна, а на тоа помогна и МЗТ Скопје кој по продолжение го победи директниот противник на Куманово за шестата позиција Фени Индустри, кој сезоната ќе ја доигра во Плеј-аут лигата.
Борбата за првите четири места кои водат во Плеј-оф, најдобрите шест екипи ќе ја започнат овој викенд.