Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово загубија на гостувањето во Градски Парк од тимот на Работнички со резултат 90-70. Сепак овој натпревар не го одбележа спортската игра, туку инцидентот кој се случи по почетокот на второто полувреме.
Неизвесноста на мечот траеше во првата четвртина кога Куманово беше рамноправен противник. Поголема предност на натпреварот Работнички имаше во втората четвртина и замина на полувреме со резултат 44-31.
За нешто повеќе од две минути се случи и немилиот настан, каде што дојде до инцидент помеѓу кошаркарите. Епилогот беше исклучување на комплетната клуба на двата тима, плус првитимците Луковиќ и Соколов, и тренерот Љубисав Луковиќ.
На теренот остана да се игра кошарка четири на четири, по што Работнички предводен од Кнежњвиќ кој забележа 30 поеин и 15 скока, успеја да забележи убедлива победа.
Во Куманово Мандиќ постигна 18 поена.
Тимот на Куманово сеуште има шанси за пласман во Плеј-оф натпреварувањето. Со победа во сабота против екипата на Кожув, и во последното коло против последнопласираната Струмица, Куманово има шанси да ја игра завршницата на овогодинешното првенство. Во корист на Куманово е и тоа што директните ривали, Лирија и Работнички следното коло играат меѓусебе, а во последното коло од Суперлигашкиот дел од првенстовто Работнички го пречекува Кожув, а Лирија игра против МЗТ Скопје.