Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општинскиот сојуз на спортови и кошаркарскиот клуб Куманово, свечено ќе ја одбележат 65 годишнината од постоењето на кошарката во градот.
По тој повод утре во 17.30 часот во спортската сала ќе се одржи Свечена академија на која ќе бидат доделени награди и признанија на спортистите кои дале свој допринос во развој на кошарката.
Благодарници ќе добијат бивши претседатели на клубот, спортски работници како и позначајните играчи кои оставиле траг во нашиот град. По завршување на Академијата ќе следи натпреварот помеѓу КК Куманово и МЗТ Скопје. Оваа прилика ја користам да ги повикам сите љубители на кошарката да дојдат на јубилејот и да го прослават празникот на кошарката кој ќе се случува во нашиот град - изјави Младен Давидовиќ, спортски директор на КК Куманово.
На присутните ќе им се обратат градоначалникот Зоран Дамјановски и претседателот на КК Куманово Виктор Божиновски. На свеченоста ќе биде промовиран документарен филм, а ќе има и изненадувања за публиката.