Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово забележаа победа во првиот натпревар во новата година, одкако го совладаа Работнички со резултат 83:67.
Иако тимот на Работнички е ослабен оваа сезона и игра со доста кошаркари од младинскиот погон, тие беа тврд орев и речиси три четвртини од натпреварот беа во игра. Таквиот Работнички внесе нервоза во тимот на Куманово, но сепак на крај работите дојдоа на свое место. Костовски и Трајковски беа најзаслужни за победата на Куманово, и овој тандем постигна 25 односно 28 поени. На овој учинок Трајковски имаше 8 скока, а Костовски придодаде 6 скока и 5 асистенции.
За Работнички 24 поени постигна младиот Александар Стефановски.
Денеска на паркетот свое деби имаше Жарко Ракочевиќ кој покажа дека ќе биде од големо значење за тимот на Куманово.
На натпреварот присуствуваа и навивачите на Работнички кои одкако запалија пиротехнички средства беа одстранети од натпреварот. Чадот малку ги отежна условите за игра, но мечот беше продолжен.
Следниот натпревар се игра против екипата на Кожув на гостински терен.