×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кошаркарите во поход по ново изненадување

    22.12.2010 13:33 | KumanovoNews

    Кошаркарите на Куманово денеска во 18:30 и гостуваат на екипата на МЗТ од Скопје. После Работнички, Куманово ќе се обиде да обезбеди нова победа која ќе му донесе висока позиција на табелата.

    Кошаркарите во поход по ново изненадување

    Во доста тензични услови проследен со многу инциденти се одигра првиот натпревар помеѓу Куманово и МЗТ. Навивачките групи на двете екипи не успејаа да ги смират страстите, па истите се пренесоа и на теренот. Тогаш гостите од Скопје во последните минути од натпреварот го добија натпреварот со 77 - 85.

    Куманово покрај двата пораза од Лирија и АБА Струмица, издвојува битна победа во Куманово против најтрофејниот македонски клуб, па тоа му дава за право да очекува и победа во Аеродром. Сепак и МЗТ Скопје направи слично изненадување пред две кола кога го совлада актуелниот шампион Фени Индустри, и му го нанесе првиот и единствениот пораз во досегашниот дел од сезоната. Сепак во последниот меч, МЗТ ја победи АБА Струмица со 3 поени разлика, и прилично нестабилна игра во текот на мечот.

    Според најавите вечерва за МЗТ нема да настапат Кирил Николовски и Ѓорѓи Талевски, а во Куманово суште е неизвесен настапот на Ратко Петриќ.

    Моментално Куманово се наоѓа на осмата позиција на табелата со 17 поени, додека МЗТ Скопје е втор со 22 поени.

    Во останатите натпревари се среќаваат Работнички - Лирија, Торус - Овче Поле, Ултимејт Баскет - Фени Индустри и Пелистер - АБА Струмица.