Кошаркарите загубија од Фени, утре ја пречекуваат Приштина
12.12.2016 12:35
| KumanovoNews
Кошаркарите на Куманово го забележаа вториот пораз во домашното првенство одкако во сабота загубија од Фени Индустри со резултат 72-64.

Куманово имаше минимално водство во неколку наврати само во првото полувреме, а од вториот период Фени имаше предност која постепено растеше.
Кирил Николовски постина 16 поени за тимот на Фени.
Капитенот во заминување, Александар Костовски постигна 14 поени за тимот на Куманово.
Куманово утре игра натпревар од БИБЛ лигата против Сигал Приштина, што е последен натпревар за Александар Костовски кој кариерата ќе ја продолжи во Романија.