Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Женската кошаркарска селекција на Македонија до 20 години ја постигна и третата победа на Б Европското првенство што се одржува во Албена.
Совладана беше селекцијата на домаќинот Бугарија со 64:60 (13:18; 18:14; 12:18 и 21:10).
Најефикасна со 20 поени беше Анжелика Митрашиновиќ.
Табела: Чешка 5-1 (победи – порази), Белгија 5-0, Португалија 4-1, Бугарија 3-3, Летонија 3-2, Македонија 3-2, Израел 1-5, Романија 0-5, Велика Британија 0-5.
На другите денешни натпревари беа постигнати следниве резултати: Португалија – Чешка 51:58, Израел – Белгија 39:61 и Романија – Летонија 55:93.
Следен противник на Македонија е селекцијата на Чешка. Натпреварот се игра со почеток во 15 часот.