×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кошаркарската селекција на Македонија ги продолжува европските битки, утре првиот меч против Италија

    17.02.2021 12:53 | KumanovoNews

    Македонската кошаркарска репрезентација во понеделник пристигнаа Перм, и сега ги одработува сите тренинзи кои се од подготвителна фаза и адаптација во арената „Молот“.

    Кошаркарската селекција на Македонија ги продолжува европските битки, утре првиот меч против Италија

    Селекторот Александар Тодоров, за четирите средби од квалификациите за ЕП, одлучи да ги користи следниве 17 играчи: Дамјан Робев, Андреј Митревски, Бојан Крстевски, Дамјан Стојановски, Кристијан Николов, Андреј Магдевски, Бојан Трајковски, Теодор Симиќ, Виктор Ефремовски, Филип Бакоч, Џејкоб Вајли, Војдан Стојановски, Лука Савиќевиќ, но и Ненад Димитријевиќ и Стојан Ѓуроски, кои вчера се приклучија на тимот, па последните подготовки стручниот штаб ќе ги одработи во полн состав.

    Битката за ЕвроБаскет ја продолжува со дуелот против селекцијата на Италија, утре(18.02) со почеток од 15.30 часот. Против тимот на Русија, домаќинот на овој турнир, играме следниот ден, односно во петок, во истиот термин. Вториот меч со италијанците е на програмата во недела од 13 часот, а успехот од квалификациите и конечниот резултат ќе ги дознаеме во понеделник кога ќе завршиме со селекцијата на Естонија, а средбата започнува од 15:00 часот.

    Македонија по првите две рунди има два порази, а место помеѓу најдобрите за ЕП 2022 ќе обезбедат првите 3 репрезентации од групата.

    (Д.Д.)

    (Фото: kfsm.mk )