Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Со натпреварот помеѓу Михајловски и Легенди, започнува кошаркарксиот викенд во Куманово. Веднаш после тој дуел, на програмата е натпреварот помеѓу Куманово 2009 и МЗТ Скопје. КСК 2013 својот натпревар го игра во недела.
Екипата на Куманово 2009 во сабота во 19 часот го пречекува актуелниот шампион и учесник во АБА лигата, тимот на МЗТ Скопје. Малку недостасуваше МЗТ да го започне Суперлигашкиот дел од сезоната со пораз, одкако пред 2 дена се намачи против Работнички да ја забележи првата победа во домашното првенство.
Куманово во првото коло забележа пораз од екипата на Лирија, па утре ќе има тешка задача во обидот да се врати на победничките патеки.
Натпреварот ќе се игра во Спортската сала во Куманово, со почеток во 19 часот, а сите средства соберени од продажбата на билети, КК Куманово 2009 ќе ги донира како хуманитарна помош за Никола Вулетиќ.
Како увертира на овој натпревар, љубителите на кошарката ќе можат да го проследат последниот натпревар на КК Михајловски оваа сеозна. Во сабота од 16 часот во Спортската сала, тимот на Михајловски ја пречекува екипата на Легенди, и ќе се обиде со победа да обезбеди учество во Втората кошаркарска лига.
Во недела од 15:30, нашиот второлигаш, КСК 2013, во рамките од 16.коло во Спортската сала во Куманово ја пречекува екипата на Ангели. Тимот на КСК 2013 се наоѓа на петтата позиција.