×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кошарката е во заложништво на две спротивставени структури во клубот, жртви се играчите и стручниот штаб на КК Куманово

    07.04.2023 12:26 | KumanovoNews

    „Долг од 5 плати, ладна сала која протекува, тејпови за бандажирање, физиотерапевт, вода за пиење, па дури и искинати мрежи на кошевите, терапија за повредените играчи“, ова се само дел од проблемите со кој се соочуваат кошаркарите и стручниот штаб на Кошаркарскиот клуб Куманово во текот на целата натпреварувачка сезона, за кои се одлучија јавно да прозборат. 

    Кошарката е во заложништво на две спротивставени структури во клубот, жртви се играчите и стручниот штаб на КК Куманово

    Во соопштението кое го доставија до медиумите велат дека во името на сите играчи и стручен штаб на КК Куманово сакаат да ја известат јавноста за реалната ситуација во клубот, пред се заради навивачката група Кумани и сите љубители на кошаркарката, кои заслужуваат да ја знаат вистината за клубот кој безусловно го бодрат.

    „Кошарката во Куманово е заложничка на две спротивставени структури кои управуваат со клубот, единствени директни жртви сме ние играчите и стручниот штаб. Слушавме информации дека клубот ќе биде продаден, но тоа не се случи, а градските власти немаат намера да помогнат. Прашуваме дали градоначалникот ќе дозволи во големата сала која се реновира да нема прволигашка кошарка“, стои во соопштението.

    „Што се однесува до добиениот ваучер со кој треба клубот да застане цврсто на нозе горенаведените структури не се способни да го уновчат, најавуваме дека после натпреварот против Струмица во недела целосно застануваме зад нашите барања и нема да тренираме и играме натпревари, а сите знаете дека со два службени натпревари клубот испаѓа во најнизок ранг. Доста беше со лаги и празни ветувања од луѓето кој го водат клубот, овој пат нема отстапка. Дозволете ни да играме кошарка и да се врати клубот на старите патеки и кумановци да се вратат во сала“, порачуваат од клубот.