Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Кожув успејаа да издвојуваат победа во Куманово, забележувајки ја првата победа во Супер лигата.
Тимот на Кожув наметна свое темпо уште на почетокот на мечот, па имаше и двоцифрена предност пред крајот на првиот период. Во Куманово недостасуваше Димчевски, Костовски не беше на своето ниво, а Дивејн, Луковиќ и Микиќ немаа сили да ја вратат неизвесноста на мечот.
Од друга страна, Кожув беше шутерски расположен погодувајки 17 тројки од 33 обида.
Најефикасен поединец на натпреварот беше Ентони Дивејн со 27 поени, а кај Кожув Караџовски постигна 22 поени.
Следниот натпревар Куманово игра против Лирија на гостински терен.