Кожув пресилен за Куманово 2009
30.11.2013 20:00
| KumanovoNews
Кошаркарите на Куманово денеска загубија од екипата на Кожув со резултат 66:70.

Куманово го имаше првото водство на натпреварот, но потоа следуваше пад во кој гостите од Гевгелија стигнаа до водство и од 21 поен разлика. Кумановчани имаа обид да ја вратат резултатската неизвесност на натпреварот, но сепак само успејаа да избегнат убедлив пораз од тимот на Кожув.
Најефикасни поединци на натпреварот беше Вукашин Мандиќ со 22 поени. Кај гостите најдобар поединец беше Филиповиќ со 17 поени.