Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На иницијатива на Општина Крива Паланка и градоначалникот Борјанчо Мицевски, во исклучително интересен и топол амбиент, љубителите на шаховската игра, денес имаа задоволство и несекојдневна можност да разменат потези, мислења и искуства со еден од најдобрите македонски шахисти, велемајсторот Роналдо Кутиров.
Овој несекојдневен спортски настан произлезе од идејата да се возобнови запоставената шаховска традиција на кривопланчани и најмладите да се заинтереситираат за вештините во шаховската игра. Имаме план, шаховската игра да ја популаризираме и унапредиме и од идната година да организираме 12 шаховски викенд турнири на годишно ниво низ целата држава. Еден од тие викенд турнири би се оддржувал и во Крива Паланка и на крајот сите најдобри финалисти од овие викен турнири би настапиле на финален викенд турнир во Скопје или некој друг град,- изјави градоначалникот Мицевски во своето поздравно обраќање пред пријавените играчи и гледачите на шаховската симултанка.
Најмлад учесник на натпреварот беше Ѓорѓи Цветковски (11), а највозрасниот натпреварувач со 83 годишна возраст е Ефто Ангеловски.
Градоначалникот Мицевски, на сите натпреварувачи им врачи шаховски табли и благодарници за учество во симултаниот натпревар, а на велемејасторот Кутуров му подари плакета со грбот на Општина Крива Паланка. При тоа изрази големо задоволство и благодарност до него и сите присутни, кои ја поддржаа идејата за возобновување на шахот во Крива Паланка.
- Ме радува што Општина Крива Паланка е организатор на овој симултан натпревар, бидејќи шахот е основа на менталната снага и долгорочната концетрација, а тоа ни е потребно на сите нас пред предизвиците на ова модерно време. Се надевам дека и во иднина ќе имаме вакви средби каде и младите кривопланчани уште подобро ќе играат шах,а ние возрасните ќе им се восхитуваме, изјави на крајот од натпреватот, велемајсторот Кутиров.