×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кривопаланечките кошаркарки се пласираа во Суперлигата

    25.03.2021 18:20 | KumanovoNews

    Женската екипа на КК „Крива Паланка“ се пласираше во Суперлигата, откако ја победи екипата на „Пробаскет“ од Кавадарци, со резулат е 93:65, во 14-то коло од Првата женска кошаркарска лига на Македонија.

    Кривопаланечките кошаркарки се пласираа во Суперлигата

    „Крива Паланка“ е во друштво на шестте најдобри екипи што ќе ги продолжат натпреварите во Суперлигата. Покрај КК „Крива Паланка“, од групата Исток суперлигашките мечеви ќе ги играат и „Баскет Кам“ од Македонска Каменица и ЖКК „Вардар“ Скопје, додека во групата Запад во Суперлигата се палсираа КК „Работнички“ и ЖКК „Бадел 1862“ од Скопје и ЖКК „Струга 2009“ од Струга.

    „Она што го зацртавме како цел и го остваривме, а тоа беше пласман во Суперлигата. Работиме напорно сезонава, трета по ред во Првата лига, базирајќи се унапредување на нашите кошаркарки и усовршување на нивната игра повеќе од седум-осум години. Во преодниот рок направивме и некои промени во составот, донесовме две странски кошаркарки, а го засиливме и стручниот штаб со стратегот Слаѓан Ивиќ“, вели тренерот Ведран Белешковски.

    (Ж.Ц.)