Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Младите пингпонгари од Крива Паланка се победници во јуниорската лига на Македонија, и во машка, и во женска конкуренција.
На финалните мечеви, во организација на Пингпонгарската федерација на РСМ, пингпонгарките и пинкпонгарите од „Крива Паланка“ беа најдобри и заслужено ги освоија првите места.
„ППК „Крива Паланка“ беше домаќин на најдобрите 13 клубови од државата, кои во текот на сезоната изборија пласман и се квалификувааво финалните натпревари. Се одиграа квалитетни натпревари, а екипите на нашиот клуб се пласираа во финалните мечеви и во машка и во женската конкуренција. Двата наши претставника остварија победи. Во женска конкуренција со 3:0 беше совладана екипата на ППК „Крушево“, а крушевчани беа поразени и во машка конкуренција, во многу понеизвесен дуел што заврши со 3:2, вели Јодранчо Миневски, претседател на ППК „Крива Паланка“.
ППК „Крива Паланка“ ќе биде домаќин на најголемиот број на натпреварувања во младинските категории, почнувајки од „Телеком мастерс“- турнирите за играчи до 18 и до 21 година, на 3-ти, односно 10 април.
(Ж.Ц.)