Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Српскиот центар Ненад Крстиќ е најпрецизен играч на изминатиот Евробаскет во Словенија.
За најдобар играч на првенствто беше прогласен Тони Паркер, но најдобриот францускиот играч не е најдобар во категоријата најпрецизен играч на првенството.
Ненад Крстиќ беше прецизен 58 пати од 113 обиди, односно 51 процент на успешност. Зад капитенот на Србија, се наоѓа Паркер со 50,7% успешност, Марк Гасол со 50,5% и Руди Фернандез 49%.
Тони Паркер постигнуваше највеќе поени по натпревар, во просек 19, а зад него се Бојан Богдановиќ со 17,4 поени, Василис Спанулис со 16,7 поени, Горан Драгиќ со 15,8 поени а Крстиќ е петти во таа категорија со 15,4 поени.
Најдобар тројкаш е летонецот Кристапс Јаниченокс со погодени 15 тројки од 28 обиди (53,6%).
Најдобар скокаш на првенството е белгијанецот Аксел Ервел со скоро 8 скока по натпревар.
Литванецот Мантас Калниетис со 5 успешни додавања по меч е најдобар асистент на турнирот.