КСК 2013 и Михајловски издвојуваа победи во 6.коло
25.11.2013 10:55
| KumanovoNews
Кошаркариските екипи од Куманово кои настапуваат во Втора односно Трета лига, вчера успејаа да забележат нови победи во рамките од шесттото коло од кошаркарските првенства.
Тимот на КК Михајловски беше поуспешен од екипата на Пробаскет од Пробиштип со резултат 83-63. Со оваа поведа екипата на Михајловски се врати на втората позиција на табелата.
Вчера свој настап имаа и кошаркарите на КСК 2013 кои издвојуваа убедлива победа против екипата на НБА Чаир со резултат 100-76.
Гостите од Чаир се најслабата екипа во првенството и сеуште немаат забележано победа во првенството. Тимот на КСК 2013 е во победничка серија и сега е на петтата позиција на табелата.

