×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • КСК: Судиите се главни виновници за инцидентот на пријателскиот натпревар

    09.10.2013 13:50 | KumanovoNews

    Раководството на КСК 2013 испрати свое гледање за случувањата на пријателскиот натпревар со КК Михајловски што пред неколку дена се одржа во Куманово. 

    КСК: Судиите се главни виновници за инцидентот на пријателскиот натпревар

    По повод инцидентот на пријателскиот натпревар на КСК 2013 и КК Михајловски, прво сакам да им честитам на играчите и на тренерор Игор Михајловски за одличната игра и сериозниот пристап на натпреварот.

    Како второ во ова излагање би навел дека дел од играчите од двата тима меѓусебно се многу добро познаваат и се пријатели и надвор од теренот, па од тука можам да кажам дека играта и контактите беа во ракмите на фер плејот.

    Како главни виновници за инцидентот што се случи во четвртата четвртина мислам дека се судиите.

    Тие константно во текот на целиот натпревар тераа некоја само своја позната политика заштитувајки ги играчите од КК Михајловски во напад, го санкционираа секој минимален контакт, а во одбраната допуштаа остри фаули врз играчите на КСК без да бидан санкционирани. Со еден збор судиите немаа исто мерило кон двата тима иако стануваше само за пријателски натпревар.

    Имено тренерот на КСК на овој натпевар ги одмараше своите најдобри кошаркари и на младиот тим на КК Михајловски одговори со млад тим.

    На крајот би сакал само да кажам дека Куманово е кошаркарски град број еден во Македонија со силни три тима во Прва, Втора и Трета лига.

    Би ја повикал публиката во што поголем број да дојде на натпреварите на екипите од нашиот град и да ја даде потребната подршка.

    Дарко Аврамовски, претставник
    за односи со јавност во КСК 2013