Кумановчанки убедливо против Гостивар
27.04.2014 08:08
| KumanovoNews
Ракометарките на Куманово уште еднаш го докажаа својот квалитет и како треба еден клуб да игра за градот.

Вчера на домашен терен падна и екипата на Универс од Гостивар со убедлив резултат 42-14.
Домашниот тим уште на почетокот на натпреварот почна фуриозно, за да на крајот се избори за резултат со 28 голови разлика.
Во продолжението од домашното натпреварување нашите ракометарки следниот викенд за противник ја имаат екипата на Чаир од Скопје.