Кумановец прв во едриличарство
04.09.2013 15:51
| KumanovoNews
Драган Саздовски, член на Аеро клубот “Доне Божинов“ и Марјан Ивановски од Штип, викендов во Босна и Херцеговина освоија прво место на натпревар во екипно едриличарство.

На аеродромот „Урије“ се реализираше натпреварот за едриличари „Бланик куп Приедор 2013“. Од нашиот клуб во Приедор, Босна и Херцеговина замина Драган Саздовски. Тој се закити со првото место во екипно натпреварување, заедно со Марјан Ивановски oд Штип пријавени како еден натпреварувачки тим - велат од “Доне Божинов“.
Саздовски беше осми индивидуално од вкупно 28 натпреварувачи.