500x100-1
12. 11. 2010 19:12

Кумановец се пласира во финале на Златен гонг

Кумановец се пласира во финале на Златен гонг

Кумановецот Ирбаим Мустафи се пласираше во финале на турнирот Златен гонг, кој се одржува во арената Борис Трајковски во Скопје. Со резултат 2:1 на поени тој беше поуспешен од Калин Мавродиев од Бугарија.

Кумановецот беше тактички одлично подготвен што на крај му го донесе пласманот во финалето. Боксуваше дефанзивно, имаше високо кренат гард а својата шанса ја бараше преку контра-удар. Тоа му го донесе и првото водство уште во првата рунда. Втората рунда помина без многу трошење на натпреварувачите но Мавроидев искористи прилика во која неговото кроше беше бодувано. Третата рунда започна мирно, но одкако Мустафи поведе се разгореа страстите и започна вистинска борба меѓу боксерите што резултираше со 2 јавни опомени од судијата на боксерите и една до тренерите на Мустафи. Мустафи го заврши овој меч на така наречен „бугарски начин“, кога го принуди истоштениот Мавродиев да го брка низ целиот ринг.