Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Аце Јакимовски од атлетскиот клуб „Скок„ од Куманово го освои третото место на првиот ултрамаратон одржан во Република Македонија.
Ултрамаратонот се одржа вчера од од 09.00 до 15.00 часот во паркот Кермес во Скопје, а го организираше клубот Делта.
Иако на трката имаше само еден повозрасен натпреварувач, а на мене ми беше прв ултрамаратон, со претрчани 62 км го освоив третото место- вели Јакимовски.
На натпреварувањето учествувале 22 атлетичари од Македонија и Србија. Временските прилики не биле поволни во првиот дел на трката, поради маглата и ниската температура.