Куманово 2009 игра портив Кожув, Луковиќ и Врањеш на трибините
30.11.2013 14:01
| KumanovoNews
Кошаркарите на Куманово 2009 денеска во 19 часот ќе се сретнат со вториот претставник во БИБЛ лигата, екипата на Кожув.

Куманово ќе се обиде да го нанесе вториот пораз на Кожув во домашното првенство. Овој викенд двата претставника во БИБЛ играа против израелскиот Галил Гилбоа, каде што Куманово издвојуваше победа, а Кожув загуби на домашен терен.
Денеска во Спортската сала во Куманово ќе присустувува новиот играч на Куманово Урош Луковиќ, а тука ќе е и повратникот Немања Врањеш кој ја санираше повредата.