Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово издвојуваа нова победа против екипата на Балкан од Бугарија со резултат 87:73.
Тимот на Куманово имаше одличен почеток на натпреварот а по шутерската серија на Мандиќ, гостите од Бугарија беше во нок-даун.
Во продолжението гостите од Бугарија се консолидираа и дури успејаа да ја вратат резултатската неизвесност, но сепак кумановчани не го испуштија стекнатото водството.
Најефикасен на мечот беше Мандиќ со 24 поени а Паран постигна 20. Кај гостите Маринов постигна 14 поени.
Следниот натпревар Куманово ќе игра против Лирија на гостински терен.