Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарскиот клуб Куманово ќе ја тужи Македонската кошаркарска федерација и ќе побара оштета од 40.000 евра, поради тоа што ги изгубиле спонзорите од ненавремено отпочнување на лигата.
Ваквата одлука уследила откако на клубот му откажале два спонзори и поради тоа мора да исплати казнени пенали, заради нереализираните маркетинг обврски кон редовните спонзори.
„Сепак клучна определба на КК Куманово е да игра кошарка. Затоа уплативеме котизација во износ од 5000 евра , како и лиценца за странски играчи од 1250 евра. Отпочнавме да играме кошарка во интерес на спортот, а должничко-доверителските односи ќе ги решавеме тековно до престојното изборно собрание„, - стои во соопштението на КК Куманово.
Куманово во првото коло од новата сезона во македонската Прва лига, синоќа изгуби од Работнички со 89:52 поени на гостински терен.