×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово беше домаќин на јуниорски тениски турнир

    10.10.2022 11:17 | Бошко Тасиќ

    Овој викенд се одржа Отвореното првенство на Македонија за јуниори и јуниорки до 14 години кое беше во организација на ТК ТУМБА и тениската федерација на Македонија. Куманово трета недела по ред беше домаќин на уште еден тениски турнир во младинските категории.

    Куманово беше домаќин на јуниорски тениски турнир

    Турнирот изобилуваше со извонредни мечеви кои поминаа во фер и коректна атмосфера на тениските терени покрај Спортската Сала во Куманово.

    Во машка конкуренција триумфираше Матеј Попов од Т.К МТП од Скопје кој во финалето беше подобар од неговиот клубски колега Грегор Стојнев со 2-0 во сетови.

    Кај девојчињата исто така беше интересно до самиот крај, каде турнирот го освои Ива Кецкарова од ТК Охрид која во финалниот меч беше подобра од Миа Спировска од Т.К Југ со 2-1 во сетови .

    Одлични настапи на овој турнир имаа и нашите членови Алексеј Стојановски, Анастасија Арсовска и Елена Божиновска.

    ТК ТУМБА од Куманово уште еднаш упатува јавна благодарност до своите натпреварувачи и членови за нивниот голем придонес во остварување на одличните резултати и афирмација на нашиот клуб.