Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово доживејаа пораз на гостувањето во Струмица. Конечен резултат на натпреварот беше 87:81.
Последниот натпрвар во Струмица беше резултатски неизвесен. Струмица беше поумешна и успеја да слави победа на крајот од натпреварот. Најефикасни поединци беа Златко Гоцевски кај домаќинот со 26 поени а Ентони Дивејн и Александар Костовски постигнаа 18 поени.
На натпреварот не настапи Урош Луковиќ.
Ова беше последен натпревар на Куманово во рамките на Првата кошаркарска лига. Куманово има обврска во наредните девет дена да се пререгистриа во Акционерско Друштво како би можело да ги продолжи настапите во Супер-лигата.
Во најквалитетното кошаркарско натпреварување покрај МЗТ Скопје, учество ќе земат и Кожув, Лирија, Фени Индустри, Куманово и Работнички.