Куманово без проблеми триумфираше против Вардар
25.02.2017 23:04
| KumanovoNews
Кошаркарите на Куманово рутинирано и без проблеми го совладаа тимот на Вардар со резултат 86-69.
Домашниот состав огигра лесен натпревари и го покажа својот квалитет по што успеја да го нанесе тринаесетиот пораз на тимот на Вардар. Вардар беше достоен противник меѓутоа искуството и квалитетот на Куманово беше пресуден кога кумановчани направија предност во вториот и третиот период, а подоцна и рутинирано го воведоа натпреварот во мирна завршница.

Данило Мијатовиќ беше најефикасен со 28 поени и 9 скока. Кај гостите Ибитајо Абекунле постигна 17 поени.

Куманово во последното коло од првата кошаркарска лига ќе игра против тимот на Струмица на гостински терен.

