Куманово ќе бара ново изненадување против Соколи
Кошаркарите на Кумананово утре во 18 часот играат против екипата на Карпош Соколи.

Победа на гостински терен против вториот АБА лигаш не е непознаница за Куманово одкако успејаа да забележат победа во рамките на БИБЛ лигата. Во првиот Суперлигашки натпревар, Куманово го намачи фаворитот и загуби по продолжение со 88-91.
Во другите натпревари Фени Индустри го пречекува Кожув, а во Скопје се игра и вечното дерби помеѓу Работнички и МЗТ Скопје.
Тимот на кумановецот Игор Михајловски сигурно ќе брка победа против кавадарчани со која ќе направи голем чекор во борбата за четвртото место кое носи Плеј-оф завршница. Сеуште не се знае каде ќе бидне одиграно вечното дерби, одкако МКФ постави барања до Работнички во кои бара навивачката трибина да биде празна, а трибините каде што ќе се официјалните лица и гостинската екипа да биднат со зголемен број на редари.
Сите натпревари треба да започнат во сабота во 18 часот. Натпреварот Карпош Соколи - Куманово, можете да го проследите на следниот линк.