Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарскиот клуб на Куманово, во првата рунда од втората фаза во регионалното БИБЛ натпреварување ќе гостува кај израелскиот Хапоел Холон.
Раководството на лигата соопшти дека средбата во „Тото“ арена ќе се одигра пред домашните навивачи, односно трибините ќе бидат исполнети со околу 300 гледачи. Ова е за прв пат откако пандемијата стана „новото нормално“ и во кошарката.
Натпреварот е закажан за 23-ти февруари, во 17 часот, а за Куманово ќе биде голем предизвик и повисоко скалило.
Само да потсетиме дека ново формираните групи имаат по 3 екипи (Куманово, Холон и Академик) и ќе се игра на принцип дома-гости, каде првите две ќе обезбедат учество на завршниот турнир.
(Д.Д.)