Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарските прволигаши со забрзано темпо ја играат новата сезона. Денеска во 18:30 Куманово му гостува на дебитантот во Првата лига, АВ Охрид.
Охрид успеја да забележи една победа во досегашниот дел од првенството, и се чини дека има најсериозен состав меѓу сите три дебитанти оваа сезона во Првата лига. Тие во првото коло остварија победа против Пелистер, а во второто коло беа декласирани од Фени Индустри.
Сепак овој натпревар не би требало да претставува проблем за Куманово кој има далеку поискусен и поквалитетен состав и со сигурност смета на двата поена во Охрид.
Со овој натпревар започнува третото коло, а останатите натпревари се играат утре каде што Работнички го пречекува Вардар, Пелистер игра против Фени Индустри а Кожув ќе ја бара првата победа против Струмица.
Натпреварот АВ Охрид - Куманово започнува во 18:30.