Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Педесет велосипедисти од Македонија во недела ќе учествуваат на натпреварувањето за титулата Шампион на Македонија на друмски патеки.
Трката ќе започне во 12 часот на Градскиот кеј. За сениори и јуниори ќе се вози патеката е Куманово - Страцин - Ранковце - Крива Паланка - Куманово во должина од 120 км. За кадети, мастерс и жени трката е на релација Куманово – Страцин - Куманово и е долга 60 km.
За “Вело - М“ ќе настапуваат и двајца наши поранешни членови велосипедисти кои за трката дојдоа од странство. Предраг Димовски - Пепи дојде од Јужна Африка, од градот Јоханесбург, а Вели Садики е дојден од Швајцарија - вели Марјан Петровски, спортски директор на “Вело - М“.
Медали и дипломи ќе добијат првите тројца по категории.
Организатори се Велосипедска федерација на Македонија, велосипедски клуб “Вело - М“ и Општински сојуз на спортови.