×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Куманово Еуроспорт„ на меѓународен турнир во Грција

    03.02.2017 15:25 | KumanovoNews

    Фудбалскиот клуб „Куманово Еуроспорт„ ќе ја претставува Македонија на меѓународен турнир во Грција.

    „Куманово Еуроспорт„ на меѓународен турнир во Грција

    Турнирот ќе се одржи од 9. до 13. април во Катерини, а ќе учествуваат најдобрите клубови  Олимпијакос, Панатинаикос, Паок, Ираклис од Грција, Партизан и Црвена Звезда од Србија и други клубови од Европа.

    "Младинската фудбалска школа доби покана за три натпреварувања на генерациите:2002/2003, 2004/2005 и 2006/2007. Организацијата на турнирот е на многу високо ниво, одлични терени, дел од натпреварите ќе се играат под рефлектори. За нас ова е нов предизвик и ни претставува особено задоволство што сме поканети на овој силен меѓународен турнир, со овие познати фудбалски екипи. Ние ќе бидеме гости на фудбалскиот клуб „Паок„ во Солун, а децата покрај фудбалот ќе можат да прошетаат на стадионот и во фан шопот во Солун“, -изјавија од клубот.

    „Куманово Еуроспорт“ е познат на кумановската јавност по одличните резултати постигнати на меѓународни турнири во Австрија и Србија, каде што децата се вратија со освоени медали и пехари.

    Уписите за нови членови се во тек, а освен првенствените натпревари за сите генерации, фудбалерите ќе учествуваат и на меѓународни турнири.