Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово од денеска започнуваат и со натпреварите во регионалното натпреварувње. Денеска тие играат против тимот на Левски.
Оваа година е променет форматот на натпреварување во БИБЛ лигата, па сите осум учесници ќе одиграат два меѓусебни натпревари. Покрај Куманово во првенството игра и Блокотехна од Гевгелија, Академик Бултекс од Пловдив, Левски 2014 Софија и Рилски Спортист се претставниците од Бугарија, Ибар Розаје доаѓа од Црна Гора, Тирана од Албанија и Башкими од Призрен, Косово.
Куманово досега одигра еден официјален натпревар во домашното првенство и тоа против Работнички каде што по продолжение загубија со 88-91.
Натпреварот се игра во салата „Универзијада“ во Софија со почеток во 18 часот.