Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
КК Куманово нема да настапи на завршницата на БИБЛ лигата, одкако загуби на реванш натпреварот од екипата на Левски, со резултат 93:86.
Куманово одигра подобар натпревар во однос на првиот меч, меѓутоа немаше сили да триумфира против противникот од Бугарија.
Во Куманово имаше максимални четири поени предност во првата четвртина додека Левски се врати во натпреварот, изедначи на крајот од првиот период, а во продолжението успеја да направи разлика и да замине со шест поени предност на полувреме.
Серијата на Левски продолжи и во третиот период и достигна максимални 12 поени разлика.
Како и во минатиот натпревар Куманово бркаше разлика во последната четвртина. Серијата тројки на Врањеш, Паран и Мандиќ го доведоа Куманово на шест поени позитива во однос на домаќинот, меѓутоа не успејаа таа разлика да ја задржат во продолжението и да триумфираат на мечот.
Хит со 24 поени беше најефинасен на Левски, додека Мишковиќ со 21 поен беше најефикасен во Куманово.
Со овој натпревар Куманово се прости од БИБЛ лигата, а во следниот натпревар Куманово го пречекува Работнички.