Куманово го ангажираше Пековиќ
04.10.2016 21:24
| KumanovoNews
Миладин Пековиќ е нов кошаркар на Куманово.

Покрај Кожув и Фени индустри ова ќе биде трет тим на Пековиќ во македонското кошаркарско првенство.
Тој ќе ја потполни дупката на крилните позиции, а досега има соработувано со тренерот Марјан Србиновски.
Куманово со овој трансфер го завршува ангажманот на кошаркари кои играат на надворешните позиции. Во исчекување е засилување на центарската позиција, пред конечно комплетирање на екипата.