Куманово го декласираше Пелистер во првиот натпревар од првенството
21.09.2017 09:24
| KumanovoNews
Ракометарките на Куманово забележаа убедлива победа против тимот на Пелистер со резултат 33-26.

Кумановчанки воспоставија контрола уште во првото полувреме, и заминаа со предност од 4 гола. Во продолжението од мечот Куманово го засили темпото и успеја да забележи победа со 7 гола предност.
Пеовска Викторија постигна 8 гола, додека Марковиќ Бранкица забележа 7 прецизни удари во мрежата на Пелистер. Величковска Габриела беше единствената разиграна ракометарка меѓу битолчанки со 12 гола.
Следниот натпревар Куманово го игра против тимот на Деспина.