Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово денеска во 16:30 во Софија, го играат реванш натпревраот против екипата на Левски, во рамките од БИБЛ лигата.
Во првиот натпревар, Куманово успеја на домашен терен на дојде до нерешен резултат, што го става во поволна позиција пред денешниот реванш натпревар.
Куманово во минатото коло прикажа солидна игра против шампионот во домашното првенство МЗТ Скопје, па кумановчани доколку ја повторат таквата игра на натпреварот, имаат реални шанси за пласман на завршницата од БИБЛ лигата.
Дека тимот на Левски има високи амбиции кога е кошарката во прашање, говори и фактот што најверојатно од следната сезона тие ќе бидат учесници во Јадранската лига.
Директен пренос од наптреварот ќе има на МРТ.