Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ракометарките на Куманово извојуваа многу значајна победа против тимот на Металург со резултат 23:22.
Во неизвесен натпревар, гостинките од Автокомада ја имаа иницијативата во првото полувреме и со серија од 3-0 го започнаа натпреварот. Куманово се консолидираше и успеја брзо да се врати во мечот, но до полувремето имаше само еден гол предност.
После паузата ракометарките на Куманово стигнаа до нерешен резултат, а подоцна и поведоа со два гола предност, доволно за да забележат нова победа против големиот ривал.
Пеовска Викторија и Кирпијановска Јована со шест гола беа најуспешните поединци во тимот на Куманово. За Металург Јана Калајџиевска постигна 7 гола.
Следниот натпревар Куманово го игра против Европскиот вицепрвак, тимот на Вардар. Натпреварот ќе се игра во салата на ОУ Христијан Карпош во вторник со почеток во 19:45 часот.