Куманово го пречекува Кожув
21.10.2022 14:07
| KumanovoNews
Во рамките на третото коло, кошаркарите на Куманово во сабота играат против тимот на Кожув.

Домаќинот на овој меч ќе се обиде да ја забележи првата победа оваа сезона, одкако загубија од Чаир и Еуро Никел, и би се одлепил од дното на табелата.
Кожув кој е предводен од кумановецот Игор Михајловски, во првиот дуел забележа пораз од ФМП Академија а во второто коло ја победи Струмица во натпревар кој ја разбранува јавноста за регуларноста на шутот во последните секунди од мечот.
Дуелот помеѓу Куманово и Кожув се игра во утре во салата на економското училиште со почеток во 19 часот.