Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово денеска во 17:30 ја пречекуваат екипата на Левски, во рамките од разигрувањето за настап на Фанјл-фор турнирот во БИБЛ лигата.
Тешка задача ќе има екипата на Љубисав Луковиќ да обезбеди учество на завршниот турнир во регионалното натпреварување преку еден од највалитетните состави во БИБЛ лигата. Левски во последниот натпревар од регуларниот дел беше на чекор од директен пласман на Фанјл-фор турнирот, но по поразот од Приштина тие паднаа на третата позиција на табелата.
Во двата натпревари од регуларниот дел од сезоната екипата на Левски издвојуваше победа, а пред овој натпревар тимот е засилен за уште еден кошаркар - Брендон Хит.
Натпреварот се игра од 17:30 во Спортската сала во Куманово, со директен пренос на МРТ.