Куманово го пречекува Металург во четвртфинале од Купот на Македонија
26.04.2017 14:56
| KumanovoNews
Ракометарките на Куманово денеска го пречекуваат тимот на Металург во четвртфиналниот натпревар од Купот на Македонија.

Натпреварот започнува во 19 часот и ќе се игра во салата на О.У. Христијан Карпош.
Тимот на Куманово и немаше најмногу среќа при ждребката, имајки впредвид дека екипите од долниот дел од табелата се имаат паднато да играат меѓусебе.
Останатите натпревари се завршени а постигнати се следните резултати:
- ЖРК Гевгелија – ЖРК Овче Поле 22-18 (16-8)
- ЖРК Вардар СЦЈС – ЖРК Вардар 18-38 (11-20)
- ЖРК Прилеп – ЖРК Пелистер 38-28 (16-9)
Во оваа фаза од Купот се игра само еден натпревар, па тимовите на Гевгелија, Вардар и Прилеп се веќе пласирани во полуфиналето.