Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
После поразот од Работнички и испаѓањето во првата рунда од Купот на Македонија, кошаркарите на Куманово го пречекуваат тимот на Пеќ во рамките на БИБЛ лигата.
Претставникот од Косово предводен од Александар Тодоров забележа убедлива победа на последниот дуел помеѓу овие две екипи со резултат 85-68. Куманово е лидер на табелата со три победи и еден пораз, а победа на домашен терен со сигурност би ги зголемила шансите за чекор во следната фаза.
Куманово - Пеќ се игра во среда во Спортската сала во Куманово со почеток во 19 часот.