Куманово и Металург го започнуваат пролетниот дел од сезоната
25.03.2016 11:30
| KumanovoNews
Со натпреварот Металург - Куманово кој ќе се одигра денеска, започнува пролетниот дел од сезоната во женската Скопско Суперлига.

Металург се наоѓа на втората позиција со осум победи и еден загубен меч додека Куманово е трет на табелата со шест победи и четири порази.
Денешниот натпревар се игра во салата Автокоманда со почеток во 16 часот.