Куманово ја прекина серијата порази против Работнички
Кошаркарите на Куманово забележаа победа против екипата на Работнички со што се вратија во комбинација за освојување на четвртата позиција која носи Плеј-оф.

Куманово имаше одличен почеток на натпреварот и водство речиси од самиот почеток на мечот. Шутот одлично ги служеше кумановчани кои и имаа двоцифрена разлика до полувремето. Сепак Работнички се врати во вториот дел од натпреварот и следуваше резултатска неизвесност до крајот на мечот. Ентони Дивејн е јунакот на мечот кој успеја да го блокира шутот на Зивчевиќ кој носеше изедначување.
Дивејн беше и најефикасниот играч кај победникот со 22 поени, додека Александар Димитровски од Работнички постигна 23 поени.
Оваа победа беше и повеќе од потребна на кумановчани и пристигна во вистински момент. КК Куманово во петок игра на завршницата од БИБЛ Лигата, па сигурно денеска е вратена самодовербата во тимот и патуваат растеретени бидејки не се загубени шансите во домашното првенство.