×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово ја смени центарската линија

    05.01.2016 13:57 | KumanovoNews

    Кошаркарскиот клуб Куманово ја смени центарската линија пред почетокот на вториот дел од сезоната. Нови центри во тимот на Куманово се Жарко Ракочевиќ и Александар Андрејевиќ.

    Куманово ја смени центарската линија

    Андрејевиќ доаѓа во Куманово од тимот на Струмица каде што постигнуваше 18 поени и 9 скока во првиот дел од сезоната. Тој е висок 212 сантиметри.

    Црногорскиот центар Жарко Ракочевиќ е второто засилување во клубот, а кумановчани имаа можност да го гледаат во БИБЛ лигата кога тој настапуваше за екипата на Рилски Спортист. Оваа сезона ја започна во унгарската екипа Атомерому, каде што постигнуваше 14 поени по натпревар.

    Клубот го напуштија Ненад Мишановиќ, Игор Бјелиќ, Данило Неговановиќ и Урош Петровиќ. Во клубот за време на зимската пауза пристигна Марко Симоновски.

    Преодниот рок завршува на 28.јануари оваа година, но според информациите од клубот, Куманово ја завршува својата активност на трансфер пазарот.